Најдобар приказ на случај

Избор за најдобар приказ на случај на млад интернист (Young Internist's Best Case report Contest)

Почитувани колеги млади интернисти,

Ве повикуваме и поттикнуваме, на претстојниот Прв Интернистички Конгрес, да земете учество во Изборот за најдобар приказ на случај на млад интернист.

Приказите на случаите треба да се прикачат како апстракти до 300 збора во делот за поднесување на апстракти на официјалната страница на конгресот, а формуларот со пријавата се наоѓа подолу на оваа страница.

Колегата- млад интернист со најдобар приказ на случај ќе добие награда од страна на Здружението – комплетно финансиски покриено учество на една од претстојните Школи (Зимска или Летна) во организација на ЕФИМ (Европската Федерација по Интерна Медицина).

*Критериум за млад интернист e специјализант по било која област од интерна медицина или  млад специјалист во првите пет години од специјализацијата, до 35 год. возраст. Краен рок за пријавуање е 01.05.2022 год.

Колеги млади интернисти,
Ве очекуваме!

Дали сте специјализант? (потребно)
ДаНе

Внеси го кодот!

captcha