Работилници

Пред-конгресна работилница за КУЗ (компресивен ултразвук) и првична проценка на тромбоза на површински и длабок венски систем

Директор на работилницата Александар Манолев

Модератори: Мирјана Брвар, Весна Милојковиќ, Кирил Шуперлиски, Перо Пењушков, Биљана Петреска Зовиќ, Александар Манолев.

  1. УЗ анатомија на венски систем – Мирјана Брвар
  2. Улогата на колор доплер во дијагностика и пратење на ДВТ и ПВТ – Весна Милојковиќ
  3. КУЗ во проценка на ДВТ – Кирил Шуперлиски
  4. КУЗ во проценка на ПВТ – Перо Пењушков
  5. Замки во дијагностика на ДВТ и ПВТ – Биљана Петреска Зовиќ/Александар Манолев

Ултразвучната работилница се состои во  два дела – теоретски и практичен.

Теоретскиот дел  се состои од 5 предавања, во времетраење од 3,5 часа поделени со една пауза од 30 мин. Ќе се одржи како on-line webinar во пред-конгресен термин. Предвиден термин за одржување 14.05.2022 г. Предавањата ќе бидат снимени и доставени на учесниците како едукативен материјал.

Практичниот дел ќе се одвива во пред-конгресниот термин на 19. 05. 2022 со времетраење од 9.00-14.00 часот.

Планиран е како hand-on сесија на УЗ -чни апарати, во времетраење од 5 часа. Предвидена е една пауза во времетрање од 30 мин. Во текот на практичниот дел ќе биде овозможено преку работа на УЗ-чни апарати да се демонстрираат техниките при прегледот. Секој учесник ќе има можност преку активна работа да добие соодветно знаење и сигурност во изведбата на прегледот.
За практичниот дел се предвидени 7 УЗ -чни апарти, 6 демонстратори и 6 модели на кои ќе се практикува УЗ-чниот преглед.
Работилницата има за цел учесниците да се здобијат со сигурност во изведбата и интерпретација на наодите.
Фокусот на работата ќе биде правилната ултразвучна анатомска проценка на венскиот систем, правилна проценка со методот на компресивен ултразвук (КУЗ) во постоење или исклучување на ДВТ и ПВТ.

Во цената на школата е вклучено:
– теоретски предавања во времетраење од 3,5 часа
– практична самостојна работа во времетраење од 5 часа
– материјали од предавањата
– кафе пауза
– ручек

Краен датум за пријавување  10.05.2022

Цена за учество на школата  89 eur/ 5490 ден. со пресметан ДДВ.

Бројот на учесници ќе биде ограничен на максимум 30 учесници.

Доколку бројката е поголема ќе важи правилото на прв пријавен со  уплата.

Уплата за работилницата на:
Глобал Нет Адв
Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје
Цел на плаќање: „Работилница за КУЗ и првична проценка на тромбоза“

Пред-конгресна работилница за УЗ на тироидна жлезда

Директор на работилницата: Биљана Ивановска Бојаџиев

Модератори: Гордана Иванац, Билјана Колева, Перо Пењушков, Александар Манолев, Биљана Ивановска Бојаџиев

  1. УЗ анатомија на тироидна жлезда и вратна регија – Биљана Ивановска Бојаџиев
  2. УЗ дијагностика на патолошки дифузни промени на тироидната жлезда – Перо Пењушков
  3. Неинвазивна проценка на тироидни јазли со УЗ модалитети (улогата на Колор-Доплер и Еластографија) – Гордана Иванац
  4. Тироидни јазли – ТИРАДС класификација и предивикот во клиничката примена – Билјана Колева
  5. ТИАБ на тироидни јазли во корелација со ТИРАДС класификација – Александар Манолев

Ултразвучната работилница се состои во  два дела – теоретски и практичен.

Теоретскиот дел  се состои од 5 предавања, во времетраење од 3 часа поделени со една пауза од 30 мин. Ќе се одржи како on-line webinar во пред-конгресен термин. Предвиден термин за одржување 14.05.2022 г. Предавањата ќе бидат снимени и доставени на учесниците како едукативен материјал.

Практичниот дел  ќе се одвива во пред-конгресниот термин на 18. 05. 2022 во времетрање од 14.30-19.30 часот.
Планиран е како hand-on сесија на УЗ-чни апарати, во времетраење од 5 часа. Предвидена е една пауза во времетрање од 30 мин. Во текот на практичниот дел ќе биде овозможено преку работа на УЗ-чни апарати да се демонстрираат техниките при прегледот. Секој учесник ќе има можност преку активна работа да добие соодветно знаење и сигурност во изведбата на прегледот.
За практичниот дел се предвидени 7 УЗ -чни апарти, 6 демонстратори и 6 модели на кои ќе се практикува УЗ-чниот преглед.
Работилницата има за цел учесниците да се здобијат со сигурност во изведбата и интерпретација на наодите.

Во цената на школата е вклучено:
– теоретски предавања во времетраење од 3 часа
– практична самостојна работа во времетраење од 5 часа
– материјали од предавањата
– кафе пауза,
– вечера

Краен датум за пријавување  10.05.2022

Цена за учество на школата  89 eur/ 5490 ден. со пресметан ДДВ.

Бројот на учесници ќе биде ограничен на максимум 30 учесници.

Доколку бројката е поголема ќе важи правилото на прв пријавен со  уплата.

Уплата за работилницата на:
Глобал Нет Адв
Жиро сметка: 200-0031649772-96, Стопанска банка а.д. Скопје
Цел на плаќање: „Работилница за УЗ на тироидна жлезда“